Доктор Беќаровски: Неконтролираната употреба на антибиотици допрва ќе ја поднесе својата црна фактура

Неконтролираната употреба на антибиотиците ќе остави тешки последици коишто ќе се покажуваат и во иднина, предупредува Нико Беќаровски од Клиника за токсикологија. Во објавата на својот профил на социјална мрежа Фексбук тој реагира на смртниот случај во кој 52-годишна пациентка од Прилеп починала од бактеријата „Staphylococcus epidermidis“.

-Низ разни медиуми и портали проструи вест дека наводно оваа бактерија се среќава само во книгите, што е најблаго речено крајно неточна информација. Вистината е сосема поинаква и во најразвиените држави,  (САД на пример) оваа бактерија се среќава кај околу 20 отсто од сите кардиолошки, ортопедски, гинеколошки и други импланти. Точно е дека оваа бактерија во нормални услови се третира со голем број на антибиотици, од кои сите се достапни во Македонија, но нашето неконтролирано користење на антибиотици предизвика и овие релативно едноставно курабилни бактерии да станат резистентни на сите антибиотици, укажува Беќаровски.

Тој укажува на непотребно пиење на антибиотици во изминатиов период.

-Колку илјадници дози Сумамед, Моксирал и други мултипотентни антибиотици беа непотребно ординирани во текот на Ковид пандемијата и колку колку настинки, грипчиња, непотребно се третираат со амоксиклавче? За жал превисоката цена за оваа наша лоша навика, ја плати нашата сограѓанка од Прилеп. За уште поголема жал, ова нема да биде последен ваков случај, бидејќи неконтролираната употреба на антибиотици допрва ќе ја поднесе својата црква фактура, предурпедува овој медицински експерт.

Тој укажува дека антибиотици не смеат нептребно да се користат без докажан бактериски причинител или јасни лабораториски параметри за бактериска инфекција.

-Кога навистина ви треба антибиотик, вас или на вашата фамилија можеби нема да делува, потенцира Беќаровски.

Претходна вестИако имало злоупотреби за антикорупционерите случајот со синот на Талат Џафери застаре
Следна вестДиректорот на ФЗО Ахмети се правда: Не сум на одмор, службено престојувам во САД