Лице кое се сомничи дека е сторител на повеќе кражби на велосипеди приведено е вчера од страна на полицијата.
-Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на Е.Х.(29) во село Визбегово, скопско, при што биле пронајдени одземени седум велосипеди, кои потекнуваат од кривични дела „кражба” и „тешка кражба”, соопшти МВР.
Лицето Е.Х. било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Да се надеваме дека полицијата ќе биде уште поревноста и ќе ги расчистува многуте кражби на велосипеди во Скопје.