Темен режим Режим на светлина

Македонските ракометари го заверија пласманот на Европското првенство

Македонските ракометари изборија пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во 2022 година, откако денеска ја совладаа Финска со 27-22 во ептен тежок натпревар.

Македонија налета на голем отпор од страна на репрезентацијата на Финска, која постојано го одржуваше резултатот и не им дозволи на нашите ракометари да создадат поголема предност.

Сепак, Финска влезе во црн период во кој дури девет минути не постигна гол и тоа нашите ракометари го казнија, со што избегаа на 23-19 и така ги решија дилемите за победникот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Добро е, 53 кубици кабаст отпад од Кисела Вода заврши во Дрисла

Следна објава

Дома имал 7 украдени велосипеди, ама на врата му тропнала полицијата...