Добро е, 53 кубици кабаст отпад од Кисела Вода заврши во Дрисла

Кабастиот отпад често го гледаме околу контејнерите во Скопје. Расфрлан од неодговорни граѓани. Општините понекогаш прават акции за собирање…

Oпштина Кисела Вода, преку секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО и ЈП Комунална хигиена во текот на овој месец Април во период од 17 дена, спроведе акција за собирање на КАБАСТ отпад  на територијата на општината. Во текот на оваа акција беа собрани околу 53 кубика кабаст отпад.

-Со реализиацијата на активностите за собирање на кабаст отпад, беа опфатени вкупно 378 семејства на територијата на Општина Кисела Вода. Според планот и Програмата на секторот за Месна самоуправа и социјална заштита при општина Кисела Вода иста ваква акција за собирање на Кабаст отпад се предвидува да се реализира во месеците септември/октомври 2021 година, стои во општинското соопштение.

Да се надеваме дека граѓаните ќе внимаваат повеќе откако е исчистено, но и општините да прават акции почесто.

Претходна вестФудбалскиот клуб Вардар на пат кон Втората лига
Следна вестМакедонските ракометари го заверија пласманот на Европското првенство