Темен режим Режим на светлина

Скопјанец со ловечка пушка се обидел да убие две лица – заврши во притвор

Дваесет и четири годишен скопјанец кој се обидел да убие две лица во викендица во кочанско доби 30 дена притвор. Тој е обвинет и за нелегално поседување на оружје.

Осомничениот на 26 април 2021 година, околу 15:30 часот, во с. Пантелеј, кочанско, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување се обидел да лиши од живот две лица. По кратка расправија и физичка пресметка со еден од оштетените, обвинетиот земал ловечка пушка која неовластено ја поседувал и се упатил кон оштетениот.

Двајцата кои биле негова цел се скриле во викендица. Но, осомничениот тогаш од непосредна близина пукал низ дрвената врата, но за среќа не ги погодил.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во Скопје на болничко лекување со ковид се 515 лица, нови се 48

Следна објава

И тоа е нешто: Паркирањето во Центар за празниците е бесплатно