Досега 1964 онлајн апликации за субвенции за набавка на инвертер клима уреди

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 1964 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.500 барања, соопшти градот Скопје.

Оттаму ги потсетуваат граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Претходна вестНовиот поглавар на ИВЗ позитивен на коронавирус
Следна вестOJO со обвинение против Љупчо Златев за откривање службена тајна од Управата за безбедност