Новиот поглавар на ИВЗ позитивен на коронавирус

Новиот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), Шаќир Фетаху е позитивен на коронавирус.

Тој преку Фејсбук ја информираше јавноста дека е позитивен на новиот вирус Ковид-19.

Имајќи ја одговорноста кон моето семејство, моите соработници, како и кон сите граѓани и верници, одлучив да направам тест за Ковид-19, кој што излезе позитивен.

Моментално, се е нортмално без никаков проблематичен симптом. Ги почитувам медицинските препораки и сум во домашна самоизолација, пишува во својата објава Фетаху, а пренесуват албанските медиуми.

Претходна вестВозач тешко повреден, излетал од пат во битолско
Следна вестДосега 1964 онлајн апликации за субвенции за набавка на инвертер клима уреди