Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи.
Тројцата починати се пациенти од Битола (73), Демир Хисар (73) и Скопје (44), а починале во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.128, а досега оздравеле 6972 пациенти. Во моментов има 3.656 активни случаи на ковид-19.