Во државата вкупно се дадени 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 12.487 граѓани, велат од Министерството за здравство.
Со последните бројки, 32% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.
Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 256.346 граѓани.