Доста е – се преморија: Во четврток последна седница на овој парламентарен состав

Полека, полека дојде време и пратениците да се разделат од удобните собраниски фотелји. Се ближат изборите, па најавено е дека последната пленарна седница на овој парламентарен состав ќе се одржи на 28 март.

Предвидено е на дневен ред на оваа седница закажана за во 11 часот да има пет точки – Дополнетиот предлог на законoт за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, Дополнет предлог на закон за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, сите во второ читање и Предлог на автентичното толкување на член 93 став 2 од Законот за урбанистичко планирање и Барањето за давање на автентично толкување на член 19 од Законот за наследувањето.

Дали треба да бидеме задоволни од сработеното во текот на мандатот? Пратениците работеа во корист на оние кои ги избираа или повеќе им беше важно што мислат во нивните партии, па и странци? Имаше ли пратеници кои никогаш не презбореа, само стискаа гласачко копче? Се случи ли пратеници од мнозинството некогаш да ја укорат Владата и да и вратат – укинат некое решение?

Најточниот одговор на ова ќе го даде народот на изборниот ден.

Инаку, Собранието останува функционално се до формирањето на нов состав и при некаква итна потреба може да закаже седница.

Претходна вестКривична пријава против 27-годишник, запалил возило на Шумската полиција
Следна вестМалолетник прободен со остар предмет на скопски Бит Пазар