Регионалната фолкерска ѕвезда Лепа Брена настапувала во рамки на манифестацијата „Месап јесен 2022“ во Хрватска, каде направила бурна атмосфера, а нејзиниот настап го поддржале голем број нејзини обожаватели од сите генерации. Понесени од еуфоричност дури шест пензионери кои биле дел од публиката завршиле во Итната медицинска помош, откако колабрирале.
Еден пак, кој бил во полна снага, ја прескокнал заштитната ограда и се качил на бината. Дури и обезбедувањето не можело да го тргне, па Брена им кажала да го остават да го следи нејзиниот настап качен на сцената.
Хрватските медиуми известуваат за овие настани кои се случиле за време на традиционалната дводневна манифестација ,,Месап есен 2022”.
Станува збор за саемската приредба Меѓугорски сајам подузетништва МЕСАП, кој се одржува 14-та година по ред.
Годинава Лепа Брена (62) била специјална музичка гостинка на настанот на кој се собрале многу генерации, од деца до пензионери.