Драматично спасување на три лица во немирните води на Дојранското Езеро

Три лица се спасени во акција за спасување откако нивниот чамец бил однесен во длабоките и немирните води на Дојранското езеро, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.

Се соопштува дека до акцијата дошло откако денес околу 8.30 часот на единствениот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК, се јавило лице кое со уште две лица се наоѓало во чамец во Дојранското езеро кое било зафатено од силно невреме.

-Ветрот и брановите го оддалечувале чамецот далеку од брегот, кон внатрешноста на езерето. И покрај постојаните обиди трите лица не можеле да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад на брегот на езерото, наведе ЦУК.

Операторот на 112 ја лоцирал точната локација на која се наоѓал чамецот и веднаш ја препратил во Секторот за операции и координација на ЦУК. Оперативецот од СОК на ЦУК веднаш го известил СВР Струмица кој итно побарал помош од граничната полиција во Дојран (ПС за ГП и ГН Стар Дојран при РЦ за ГР Југ).

-Тим на граничната полиција врз основа на координатите добиени од ЦУК ја лоцирал точната позицијата на чамецот кој бил однесен длабоко во немирните води на езерото, со глисер влегол во бурата и во една драматично спасување проследено со силен ветер и големи бранови, успеал неповредени да ги извлече трите лица кои се наоѓале во голема опасност, соопшти Центарот за управување со кризи.

Претходна вестРама и Дачиќ треба да одат на часови по оптимизам кај Ковачевски
Следна вестВо Македонија каменуван автобус со Срби што се враќале од одмор во Грција