Повреден полицаец синоќа е префрлен од велешката болница по напад на дрвокрадци кај велешкото село Степанци. Тој има повреди на глава. Во нападот потешко е повреден уште еден полицаец кој се лекува во Велес од повреди на стомакот, додека останатите тројца полицајци се полесно повредени.
Полициската патрола од петмина полицајци од станицата во Чашка синоќа била нападната од дрвокрадци. Полицијата подоцна успеала да приведе четворица од напаѓачите.
-Околу 20.00 часот на стариот пат село Извор – Прилеп, атар на село Степанци, група граѓани кои вршеле бесправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка. Досега се приведени 4 лица. Се работи на расчистување на случајот- се вели во соопштението на СВР Велес по вчерашниот брутален напад врз полициските сили од страна на поголема група дрвокрадци.