Се враќа редовниот начинот на исплата на пензиите како пред пандемијата на корона вирусот и пензиите продолжуваат да се исплаќаат на почетокот на месецот, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
За време на траење на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи, како дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група, а со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје. Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на 1-ви во месецот директно од буџетот на државата, соопшти денеска ова Министерство.
Од друга страна, деловните банки денеска најавувата дека исплатата ќе започне в петок на 1-ви септември. Но, некои банки се уште го задржале исплатувањето по групи на пензионери, зависно од висината на примањата. Така, дел од банките соопштија дека в петок ќе се врши исплатата на пензиите со висина до 14.000 денари, а в понеделник на оние над 14.001 денари. Наспроти ова, некои банки в петок ќе вршат исплата на сите категории на приматели.