ДС: ДУИ и СДСМ владеат мафијашки, вакво мафијашко владеење нема ниту во јужноамериканските држави

ДУИ и СДСМ владеат мафијашки, и го уриваат правниот поредок во Македонија, истакнуваат од партијата демократски сојуз. според нив вакво мафијашко валдеење нема ни ту во јужноамериканските држави.

– Со измените на Кривичниот законик, со предлог Законот за амнестија и со најавената трета амнестија или ставање во сила на одлуката за аболиција на Ѓорге Иванов, ДУИ и СДСМ дефинитивно го урнисаа правниот систем во државата и создадоа предуслови мафијата да владее во Македонија, да трупа капитал и да ги блокира евроинтеграциите. Вакво мафијашко владеење нема ниту во јужноамериканските држави! Многу е опасно што угледни професори по казнено право за пари се ставија во одбрана на измените во Кривичниот законик и амнестијата на тешки криминалци. Во државата никој не верува дека сте загрижени за пренатрупаноста во затворите туку затоа што сте алчни за пари и власт.

Со ваквите одлуки само ја блокирате Македонија на европскиот пат и не можеме да веруваме дека ЕУ и САД очекуваат со овие криминални владини активности да го промените Уставот. Сериозен проблем е тоа што меѓународната заедница не реагира на соодветен начин што власта го злоупотребува како наводна нивна поддршка за ова невидено разнебитување на државата и правниот поредок, се вели во соопштението на партијата.

Претходна вестГолем дел од сопствениците на електрични возила сакаат да преминат на фосилен погон или на хрибриден
Следна вестПоради сумоборачи авиокомпанија морала да организира дополнителен лет