ДСЗИ ќе ги „чешла“ сите здравствени установи каде бил 25-годишниот беровчанец пред да почине

Не само во штипската болница и на КАРИЛ во Скопје, туку секаде каде што проциркулирал 25-годишниот пациент од Берово пред да почине, ќе истражува Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Од таму велат дека денеска влегле во дел од здравствените институции по „допрен глас,  за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка интервенција на заб“ .

-Инспекцискиот надзор во клиничката болница е се уште во тек. Доплнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установо каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог , итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот. По завршување на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација.за констатирана фактичка состојба за која дополнително ќе бидете информирани, се наведува во соопштението.

Од ДСЗИ најавуваат и иницирање и формирање на комисија за стручен надзор до министерот за здравство.

Претходна вест33-годишник се обидел да го убие својот татко, па му одзел пари
Следна вестЕксхумација и обдукција за утврдување на причините за смртта на пациентот од Берово