ДУИ ќе анализира дали градоначалниците од Европскиот фронт да учествуваат во работата на ЗЕЛС

Демократската унија за интеграција ќе анализира дали градоначалниците Албанци од Европскиот фронт да учествуваат во работата на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС. Се смета дека ЗЕЛС се злоупотребува од Владата со цел централизација и одземање на ингеренциите од опозицијата онаму каде што таа има локална власт.

-Демократската унија за интеграција – ДУИ ги следи последните случувања во Заедницата на единиците на локалната самоуправа од формирањето на новата Влада и забележува дека оваа заедница почнала политички да се злоупотребува од моноетничката власт без легитимитет и наместо афирмирање на барањата на општините и граѓаните, без поделби, се забележува централизација и амбиции за преземање на надлежностите од опозициските општини. Неприфатлива е тенденцијата да се централизираат работите и да се злоупотреби ЗЕЛС за да се заобиколат градоначалниците на општините од редовите на Европскиот фронт, се наведува во соопштението.

Се додава дека по непочитување на легитимитетот на централно ниво во случајот со формирањето на извршната власт, сега Владата на ВМРО-Вреди почна да ја злоупотребува работата на ЗЕЛС во сите форми.

-Ова непочитување на градоначалниците на општините од редовите на албанската опозиција има тенденција да ја уништи политичката волја и албанските партии дури и на локално ниво. Затоа и во ДУИ се доставени сериозни иницијативи од страна на градоначалниците на општините предводени од албанската опозиција за да го разгледат ставот за учеството на градоначалниците во Заедница на единиците на локална самоуправа, тело каде се координират активностите за работата на општините, се вели во соопштението на ДУИ.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Кузеска да внимава за што држи прес-конференции да не се извинува повторно
Следна вестЈО со детали за убиството кај „Мавровка“: Осомничениот пукал со умисла и од користољубие, второто лице е во бегство