ДУИ: Моноетничката делегација од моноетничката Влада е дополнителен доказ дека вазалите на ВРЕДИ се множат со нула

Нашата земја денеска за прв пат е претставена од моноетничка делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, САД, соопшти денеска Демократската унија за интеграција. Оваа опозициска партија изразува загриженост дека коалицијата ВРЕДИ, која ги загуби изборите, како протагонист на понижувањето на Албанците, уништува се што е постигнато две децении по ред.  Се додава дека со ДУИ во Владата, Република Северна Македонија беше претставувана не само на НАТО и другите меѓународни самити, туку и во највисоките институции на САД, претставена од албанскиот премиер, првиот вицепремиер и албанските министри.

-Моноетничката делегација од моноетничката Влада е дополнителен доказ дека вазалите на ВРЕДИ се множат со нула како резултат на немањето изборен и етнички легитимитет. Денеска во делегацијата на РМВ на Самитот на НАТО нема место ниту за „џентелменскиот“ вицепремиер, а камоли за некој министер. Симболичното присуство на пратениците во Парламентарното собрание на НАТО, а не на самитот, не го покрива срамот од понижувачката улога без достоинство на Албанците во државата. Само кога влагаш во Влада без легитимитет те прави толку небитен за вакви важни прашања. Албанците не го заслужуваат ова понижување и потчинување во сите сегменти на власта, се наведува во соопштението.

ДУИ нагласува дека овој чин претставува систематски обид да се тргнат Албанците од учеството во претставувањето на земјата во интегративните процеси, во кои протагонист беше ДУИ, како во членството во НАТО, така и во започнувањето на преговорите за членство во Европската унија.

Претходна вестВратена е оградата околу Владата
Следна вестЗемјотрес со јачина од 3,5 степени го стресе охридско