Двајца косовци уапсени откако влегле во касарната „Илинден“

Две лица со косовско државјанство се уапсени откако неовластено влегле во кругот на воената касарна „Илинден“ во Скопје, соопшти полицијата.

МВР информриа дека на 05.10.2022 во 17:30 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје, во кругот на касарната „Илинден“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода Ј.К.(29) и Ш.Е.(25), двајцата од Косово.

Тие биле приведени во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

Претходна вестВо Пржино со погребна поворка се протестираше против новите градби во населбата
Следна вестССМ: Да се осуди јавната закана на фирмите за отпуштања на работниците