Двајца кумановци со црева краделе гориво од резервоарите на претпријатието во кое работеле

Вчеравечер, 11 септември, околу 21 часот, во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д. С. (52) и С. М. (55), двајцата од Куманово. Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг на јавно претпријатие во кое работеле со гумени црева извлекувале, односно одземале гориво од резервоарите.

Кај нив биле пронајдени и одземени 7 пластични канти со гориво и две гумени црева.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе им бидат изготвени соодветни пријави.

Претходна вестДанела Арсовска ќе формира партија „Правда“, се собираат потписи
Следна вестСончево и топло со слаб ветер