Двајца скопјани се степале во Гази Баба

Две лица од Скопје, физички се пресметале на подрачјето на Гази баба, поради претходно нерасчистени имотно-правни односи, информира Министерството за внатрешни работи.

Имено, инцидентот се случил вчера (14.11.2022), околу 13 часот. Од МВР ги соопштија деталите за случајот:

-На 14.11.2022 во Полициска станица Гази Баба било пријавено дека околу 13.00 часот на подрачје на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(48) и В.А.(36), двајцата од Скопје, поради претходно нерасчистени имотно-правни односи. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Претходна вестПромоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски
Следна вестНационалните радио станици нема да плаќаат надоместок за дистрибуција на сигнал за 2022 година