Нешто после 8 часот утрово, на автопатот кај селото Велика Биљаница кај Лесковац, се случила сообраќајна насреќа во која се повредени двајца македонски државјани, објавија српските медиуми.
Повредеите се двајца мажи од околината на Струмица, едниот роден 1987 година, а другиот 1982 година.
Едниот има скршена патела на коленото, а другиот има видливи повреди на лицето. Во тек се снимањата и конечната дијагностика, но повредите не се опасни по живот,изјавиле од болницата во Лесковац.
Тие возеле комбе со странски регистарски ознаки во правец Белград – Скопје и не се сеќаваат како дошло до несреќата.