Нови 81 заразен со ковид за 24 часа, главни жаришта Скопје и Тетово

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 5.315 тестирања, а најголем број нови случаи има во Скопје – 27 и Тетово – 25.

Во Куманово – 9, Гостивар – 7, Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево – по 2, Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово – по 1.

Не се регистрирани починати, а оздравени се 12 пациенти.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525.

Претходна вестВо Скопје вчера напишани 113 сообраќајни казни – 38 за пребрзо возење, 10 возачи биле без дозвола
Следна вестДвајца македонски државјани повредени во сообраќајка кај Лесковац