ВМРО-ДПМНЕ: Да нема говор на Мечкин Камен е срамен и недржавнички чин

Одлуката на претседателот Стево Пендаровски годинава да не држи говор на Мечкин Камен на 2 Август е срамен и недржавнички чин, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето, дали Христијан Мицкоски ќе одговори на поканата сите политички лидери да присуствуваат на одбележување на празникот, од ВМРО-ДПМНЕ одговараат дека претседателот на партијата традиционално ќе биде во Ташмаруништа.

-А, Пендаровски со овој потег ја менува 30-годишната традиција на прославата за Илинден. Но кога некој човек нема визија за Република Македонија, не може ни да очекувате дека ќе има што да каже. И за тоа е ова резултатот. Навистина сме изненадени и ова е срамен и недржавнички потег,рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Претседателот Стево Пендаровски вчера на брифинг со новинарите кажа дека на 2 Август нема да држи говор на Мечкин Камен во Крушево и планирано е настанот да започне во 18 часот наместо традиционално во 10 или 11 часот со цел да се соберат сите лидери на политичките партии во земјава до кои лично испратил покани.

-Нема да одржам говор. Мислам дека на народот му е доста од говори. Сакам да ја деескалирам вообичаената атмосфера на Мечкин Камен, која често е проследена со навреди кои повеќе разединуваат отколку што обединуваат, рече Пендаровски.

Претходна вестМожна е препорака за трета доза против ковид и рестрикции заа невакцинираните
Следна вестИ денеска портокалова фаза, до 43 степени