Во последните 24 часа, како последица на ковид-19 починаа две лица, а од направени 1.601 тестирања, регистрирани се 3 нови заразени.
Сите заразени се од Скопје, а од починатите, едно е од Скопје (76г) и едно од Куманово (75г), обајцата во болнички услови.
Регистрирани се 15 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273, од кои 102 се во Скопје.
Во 10 града нема ниту еден активен случај.