Двајца полицајци повредени кога со полициско возило удриле во паркирано комбе на Деве Баир

343

Полициско возило синоќа удрило во паркирано комбе во близина на терминал на граничниот премин Деве Баир. Во инцидентот повредени се двајца полицајци.

Според информациите од МВР, комбето со турски национални ознаки било паркирано од С. А. (63) од Р. Турција кога во него удрило полициското возило „дачија дастер“.

Двајца полициски службеници добиле телесни повреди, констатирани во Здравствниот дом во Крива Паланка. Извршен е увид.

Претходна вестРегистрирани 1.822 нови случаи на коронавирус
Следна вестСончево и студено со утринска температура под минус 10