Полицијата вчера открила шест мигранти од Куба, илегално влезени во државата, и привела двајца скопјани кои ги превезувале со автомобили.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека синоќа во 22 и 22.20 часот кај наплатна рампа „Демир Капија“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ ги привела А.Ш.(26) и С.С.(51), двајцата од Скопје, кои во две возила со скопски регистарски ознаки во кои ги превезувале шестмината мигранти од Куба.
За настанот бил известен јавен обвинител. Приведените биле предадени на полициски службеници од ОВР Неготино, а на лицата мигранти им биле издадени решенија за протерување и биле спроведени до граничен премин Табановце.