Две лица приведени 20 минути по насилно извршената кражба

За само 20 минути по извршената кражба полицијата успеала да приведе двајца крадци кои одзеле пари од финансиско друштво лоцирано во централното градско подрачје.

-Полициски службеници од ЕВР ОКР Центар денеска (27.12.2020) околу 16 часот ги приведоа А.Ј.(31) и П.С.(63), кои во 15:40 часот со закана одзеле пари од вработен во филијала на финансиско друштво. Веднаш по добиената пријава од Д.Б., вработен во филијалата на бул. ВМРО во Скопје, преземени се соодветни мерки и активности и разбојниците веднаш се приведени во близина на Камениот мост, се наведува во информацијата на МВР.

Двајцата приведени се сомничат за уште две разбојништва.

Претходна вестСпасовски го потсети и Заев: Куманово е ослободено од македонските партизани
Следна вестРегистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица