Две лица измамиле жител на Пробиштип: Им дал 1.000 евра за лекување, добил „дијаманти“ како гаранција

Измама од две лица вчера пријавил 34-годишен жител на Пробиштип. Тој вчера во 10.30 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 08.30 часот бил измамен од две лица за сума од 1.000 евра.

Според пријавеното, лицата му се доближиле и едно од нив му кажало дека неговата сопруга е во приватна болница и дека треба да му покажат пари на докторот, а тој нема моментално во него.

Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а другото лице му дало завиткана хартија во која наводно имало дијаманти како гаранција додека не му ги вратат парите.

Лицата заминале и не се вратиле, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестКовачевски: Работните групи се вистинскиот формат за договарање на сите детали меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
Следна вест„Пример“ за учениците: Директорите на основни училишта се тепаа во ноќен клуб во Кавадарци!