Две лица каснати од кучиња во Кисела Вода

Две лица вчера се искасани во одвоени напади на кучиња во скопската општина Кисела Вода, соопшти полциијата.

-Вчера во 09.20 часот во Полициската станица Кисела Вода Л.К.(46) од Скопје пријавила дека на ул. „Христо Татарчев“ била касната од куче скитник. Во 16.20 часот во Полициската станица Драчево Н.Џ.(22) од Скопје пријавила дека на ул.„Антон Димитров“ била касната од куче скитник, се наведува во информацијата на МВР.

Претходна вестДо казни вчера стасаа 157 пешаци
Следна вестКонечно Владата се осмели да му каже НЕ на Брисел, ама…