Две лица ограбени во Градскиот парк

Две лица во одделни случаи вчера биле ограбени во Градскиот парк во Скопје.

„На 03.12.2022 во 18.50 часот во Полициската станица Центар, малолетник селото Стајковци, скопско, пријавил дека во Градски парк три лица со закана му одзеле паричник и личен предмет.

На 03.12.2022 во 20.20 часот во Полициската станица Карпош, Р.Х.(41) од с.Рашче, скопско, пријавил дека околу 20.00 часот во Градски парк едно лице со закана му одзело пари“, соопшти МВР.

Се преземаат мреки за расчистување на двата случаи.

Претходна вестУтре во Скопје посебен режим на сообраќај
Следна вестАнглија ги казни сите грешки на Сенегал, а Франција лесно се справи со Полска