Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на Галичица

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во Националниот парк Галичица, кога возилото со кое патувале излетало од регионалниот пат Трпејца – Преспа и паднало во амбис. Загинатите биле од Ресен на 60 годишна возраст.

На местото на настанот се екипи на планинарската служба од Охрид и полицијата. Неофицијално незгодата се случила на дел од патот кој не е обезбеден со ограда.

Овој патен правец во зимските месеци од безбедносни причини се затвора, а во летниот период се наплаќа влез.

На некои делови патот е оштетен и небезбеден за возење.

Претходна вестВремето денес сончево и топло со мала до умерена облачност
Следна вестСобранието ќе ја одржи петтата седница