Две лица повредени во пожар во куќа во Скопје

Вчера во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ настанал пожар во куќа сопственост на Н.В.(36), при што била опожарена една соба и влезот од куќата.

Во пожарот со повреди се здобиле Н.В. и К.Џ.(40) и биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им биле констатирани телесни повреди.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Претходна вестБројот на активни случаи опадна на 3.833 лица, 112 новозаразени, 13 починати од Ковид-19
Следна вест20 годишен возач од Свети Николе прегази 62 годишен пешак