Кучиња-скитници вчера нападнале двајца граѓани во скопската општина Аеродром, соопшти полицијата.
-Вчера во 12:30 часот во полициската станица Аеродром, Б.Б.(57) од Скопје пријавил дека на мостот „Близнак” бил каснат од куче скитник. Подоцна, во 12:50 часот Р.О.(64) од Скопје пријавила дека на бул.„Видое Смилевски Бато” во Скопје, нејзината ќерка Б.О.(36) била касната од куче скитник, информираат од МВР.