Две млади момчиња се судрија среде полноќ со своите автомобили

На 11.10.2020 во 01.40 часот во СВР Битола било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосница со кружен тек, составена од ул.„Филип Втори Македонски“, ул.„Прилепска“, ул.„Македонски гемиџии“, ул.„Новачки пат“ и ул.„8 Септември“ во Битола, помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(28) од с.Трново, битолско и патничко возило „хонда цивик“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М.(22) од с.Лознани, општина Могила.

Во незгодата, И.М. се здобил со тешки телесни повреди, а Б.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Битола.

Претходна вестКазни за 754 лица за неносење маски
Следна вестПриведени 10 лица меѓу кои пет малолетници во локал во Тетово