Две жени физички се пресметувале во Петровец

Тепачка меѓу две жени се случила завчера во општина Петровец, информриа полицијата.

Како што соопштија од полицијата, на 14.09.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Дрма, општина Петровец, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две женски лица – Ј.М.Т.(48) од Тетово и М.С.(50) од Скопје.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Претходна вестМицкоски: Ќе биде врачен демаршот на амбасадорот на Бугарија, во Софија не реагиравме оти не сакавме да создаваме тензија
Следна вестСоветникот на Радев: Ако државник од соседната земја доаѓа да пие кафе во Бугарија, треба ли да го истакнеме неговото знаме?