„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“: Номиниравме стручни луѓе кои се нови во политиката и со чист образ

„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“ денеска информираше дека органите на Движењето ЗНАМ, Извршниот одбор, а потоа и Централниот одбор со акламација ги утврдиле кандидатските листи за пратеници во сите шест изборни единици, рече портпаролот Никола Мемов на денешната прес конференција.

– За разлика од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, каде што во голема мера ги номинираа досегашните пратеници во Собранието на Република Македонија и не понудија ништо ново во кадровска смисла, „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“ на листите за пратеници номинираше луѓе кои се нови во политиката, стручни во областите во кои што работат, авторитетни и препознатливи во своите средини, чесни луѓе со карактер и вистински вредности, но и луѓе кои веќе имаат политичко искуство, со чист обра, додаде Мемов.

Тој нагласи дека во ЗНАМ веруваат дека граѓаните на Македонија ќе ја препознаат разликата во квалитетот на кандидатите за пратеници и довербата ќе ја дадат за „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“.

Во изборната единица еден, листата на ЗНАМ ќе ја предводи Бобан Карапејовски, професор на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и член на Извршниот одбор на „Движењето ЗНАМ“.

Носител на листата во втората изборна единица ќе биде директорот на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во Куманово и претседател на општинската организација на партијата, Даниел Стојчевски.

Во „тројката“, носител на листата ќе биде уште еден од потпретседателите на Движењето, Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија и доктор по историски науки.

За носител во изборна единица 4 партијата го номинира Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија, кој е и претседател на општинската организација на Движењето ЗНАМ.

Изборната единица 5 ќе ја предводи Весна Бендевска, дипломиран психолог, како и поранешна пратеничка во Собранието на Република Македонија, а носител на изборната

Претходна вестЦелосно локализиран пожарот над тетовското село Вешала на Шара
Следна вестЖител на Конче осомничен за злоупотреба на малолетничка долга речиси две години