Жител на Конче осомничен за злоупотреба на малолетничка долга речиси две години

Четириесет и деветгодишен жител на општина Конче е приведен под сомнение дека во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка, соопшти денеска МВР.

Оттаму информираат дека 49-годишниот Ј.К. се сомничи дека вршел обљуба врз малолетничката од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица, а по документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот Ј.К. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Струмица

Претходна вест„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“: Номиниравме стручни луѓе кои се нови во политиката и со чист образ
Следна вестПронајдена девојката од Албанија што беше пријавена за исчезната