Родителите на еден од терористите кои синоќа во Виена убиле четворица минувачи потекнувале од Македонија и е Албанец кој израснал во Австрија. Ова денеска на својот профил на социнална мрежа Фејсбук го објави главниот уредник на австрискиот неделник „Фалтер“, Флоријан Кленк.
-Направив истражување за терористите. Неговото име е Куртин С., роден во 2000 година. На возраст е од 20 години. Роден и израснат во Виена, а има албански корени. Неговите родители се од Северна Македонија и не биле свесни за исламистичките погледи на синот. Момчето пак, било на радарот на властите како еден од околу 90 австриски исламисти кои сакале да заминат за Сирија. Тој во јули бил спречен да го направи тоа. Полицијата не сметала дека тој може да изврши терористички напади во Виена, објави Кленк.
Се уште не е познато од кој град во Македонија потекнуваат родителите на терористот.
Ова група синоќа изврши терористички напад кој започна околу 21 часот во близина на винеската синагога. Се уште не е познато колку вкупно напаѓачи биле во групата која потоа пукала на луѓето на шест други локации. Освен четовориза убиени граѓани повредени се уште 15 други лица.
Покрај цивилите, еден напаѓач беше убиен од полицијата, која, според градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, имала автоматска пушка, пиштол и мачета. Австрискиот министер за полиција Карл Нехамер рано утрово изјави дека напаѓачот е симпатизер на Исламската држава на Ирак и Левант (ИСИЛ).