Донираат оние кои можат за борбата со пандемијата или само оние кои имаат совест?

Благодарение на донацијата на две компании ГД Гранит и Галф оил Македонија во текот на оваа недела 13.000 македонски граѓани брзо ќе дознаат дали имаат или не корона вирус. Они е што се позитивни нема да треба да чекаат по десетина дена на државно тестирање или да плаќаат по 50 евра во приватни лаборатории за да знаат како натаму да се лекуваат.

Убаво е да се види дека некој донира, помага… Повторно се потврди колку значат донациите во тешки времиња. Особено што гледаме дека често парите од државниот буџет не одат токму онаму каде што се најпотребни, а што се виде и врз последниот пример на односот на бројките на санитетски и на службени луксузни возила во Македонија.

Но, да се вратиме на двете фирми кои почувствувале дека треба да одвојат сопствени средства за да им се помогне на граѓаните. Браво за тоа.

Вакви примери не треба да останат осамени кога се работи за македонските компании. Точно е, криза е, вирусот ја кутна економијата на колена, но и во ова време има компании кои успешно работат какви што се во областа на трговијата, фармацијата, телекомуникациите, банкарството… Заради тоа, добро би било и тие да го следат примерот на двете компании и да донирата средства за борба со пандемијата.

На почетокот на кризата имаше поинтензивно донирање во Солидарниот фонд што го отвори Владата и до сега се собрани околу 3,4 милиони евра како финасиски средства и еден милион како нефинансиски. Тие се користеа за изградба на модуларна болница кај Инфективна клиника, за помошта на стопанството, за помошта на уметниците… Но, ошигледно потребно е уште повеќе фирми и поединци да се вклушат во донирањето.

Многу важно е и да се почне со соодветното трошење на народните пари од страна на власта! Пари во буџетот има, плус и не задолжуваат само не треба да се даваат за раскош на неколкумина.

И најважно е евентуалните донатори и властодржците да имаат совест, потоа се ќе си дојде на потребното место.

Претходна вестЕден од терористите во Виена e Албанец со потекло од Македонија
Следна вестНамален бројот на казнети возачи во Скопје