Битолчанец шетал во Ѓорче Петров со марихуана во џебот

Триесетгодишен жител на Битола вчера бил приведен од страна на полицијата во скопската населба Ѓорче Петров.

На 02.11.2020 во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода Љ.Д.(30) од Битола, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во инфорамцијата на МВР.

Претходна вестНамален бројот на казнети возачи во Скопје
Следна вестТерористот кој пукаше во Виена имал и австриско и македонско државјанство