Скопјанец пријавил дека четири лица пукале кон неговите куќа и возило во Чаир

Пукање во Чаир. Имено, синоќа, околу 15 минути по полноќ, скопјанецот А. К. пријавил дека на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, кон неговата куќа било пукано со огнено оружје од страна на четири лица со иницијали М. Р., Е. Ф., Е. Ф. и Е. З., сите од Скопје.

Според пријавеното, од пукањето нема повредени лица, а оштетен бил неговиот автомобил „Рено“ со скопски регистарски ознаки.

Полициски службеници излегле на местото и извршиле увид, при што биле пронајдени и подигнати пет патрони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестИ општините треба да одат во стечај
Следна вестСите репрезентативци со негативни резултати, подготвени за дуелот со Финска