24 починати и 913 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.731 тестирања, а регистрирани се 913 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-459, Куманово-25, Штип-18, Прилеп-78, Тетово-44, Струга-11, Велес-79, Битола-33, Охрид-37, Кавадарци-24, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-4, Делчево-10, Кратово-5, Свети Николе-9, Кичево-5, Ресен-2, Неготино-5 и еден во Дебар.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 421 оздравен пациент од: Скопје-199, Куманово-18, Штип-15, Прилеп-25, Тетово-25, Струга-6, Велес-11, Битола-7, Охрид-14, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-16, Струмица-26, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Свети Николе-7, Кичево-7, Неготино-4 и еден од Валандово.

Починати се 24 лица, двајца пациенти од Скопје (77 и 67 години), еден од Куманово (59), четворица пациенти од Прилеп (70, 61, 79 и 45 години), тројца од Велес (82, 78 и 82 години), двајца од Битола (80 и 62 години), тројца пациенти од Охрид (67, 64 и 68 години), двајца од Гостивар (66 и 68 години), шест пациенти од Струмица (75, 64, 75, 60, 37 и 61 години) и еден пациент од Пробиштип (69).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 33.908, бројката на оздравени пациенти е 21.665, на починати е 1.049, а бројот на активни случаи изнесува 11.194.

Денеска се регистрираат два контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 14.735, активни 5.304
• Куманово 2.391, активни 473
• Дебар 347, активни 55
• Штип 1.746, активни 309
• Прилеп 1.520, активни 615
• Тетово 2.374, активни 653
• Струга 848, активни 115
• Велес 924, активни 505
• Битола 774, активни 324
• Охрид 773, активни 278
• Кавадарци 571, активни 248
• Гостивар 1.277, активни 251
• Гевгелија 419, активни 187 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 69 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.038, активни 564
• Крива Паланка 255, активни 103
• Радовиш 254, активни 88
• Крушево 35, активни 13
• Кочани 758, активни 230
• Пробиштип 214, активни 71
• Демир Хисар 87, активни 20
• Македонски Брод 106, активни 9
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 221, активни 53
• Валандово 112, активни 40
• Виница 194, активни 77
• Делчево 273, активни 118 (68 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 67, активни 37
• Свети Николе 503, активни 93
• Кичево 600, активни 188
• Ресен 256, активни 71
• Неготино 176, активни 94 (19 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.731 тест се преку: ИЈЗ-700, ЦЈЗ Скопје-77, Авицена-472, Биотек-417, МАНУ -280, Жан Митрев (Филип Втори) -380, Систина со PCR метода -143, лабораторија Лаор –65, Судска медицина-29, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-9, Синлаб-66 и Ремедика-38. Досега во земјата се направени вкупно 255.904 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7, а вкупно хоспитализирани се 160 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 130 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се тројца од нив.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 23 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 376 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Статистиката на активни случаи по скопските општини денеска е следна:

• Чаир – 285
• Гази Баба – 679
• Аеродром -894
• Карпош – 774
• Центар – 714
• Кисела Вода – 676
• Ѓорче Петров – 433
• Бутел – 287
• Шуто Оризари – 62
• Студеничани – 22
• Сарај – 41
• Арачиново -13
• Илинден – 127
• Сопиште – 46
• Чучер Сандево – 30
• Петровец –41
• Зелениково -20
• Странец – 57
• Нераспределен- 103

Претходна вестСите репрезентативци со негативни резултати, подготвени за дуелот со Финска
Следна вестЗошто „Лајка“ дури сега обучува тимови за ловење на кучињата скитници?