Владата со нови мерки: По 21 часот се затвораат угостителските објекти, а нема и групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор

Владата денеска ги прифати новите мерки за заштита од корона вирусот кои ги предложила Комисијата за заразни заболувања

-Донесена е одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 21 часот, со цел спречување на ширењето на корона вирусот. Се скратува работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Ваквата одлука важи и за угостителските објекти на бензиските станици, а од мерката се исклучени угостителските објекти на аеродромите во Скопје и Охрид, информира премиерот Зоран Заев на неговата Фејсбук-страница.

Исто така, Владата усвоила и препораката, сите домашните и странски граѓани на територијата на земјава, после 21 часот да не се движат на јавен простор, доколку немаат важни и неопходни потреби за тоа.

Претходна вест„Левица“ бара од Талат Џафери да ја стави на дневен ред Декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии
Следна вестТројца од терористите во Виена покрај австриско имале и македонско државјанство