Последнава недела имало 88 смртни случаи од корона вирусот

За седум дена во периодот од 26 октомври па до 1 ноември имало 88 смртни случаи од корона вирус, што е за 4,8 проценти повеќе отколку во неделата пред тоа, покажува редовната неделна анализа на Институтот за јавно здравје.  

-Пријавени се 88 смртни случаи од 21 град. Од нив, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по еден во возрасните групи од 30-39 години и 20-29 години, се наведува во анализата.

Во овој период регистрирани се 5.800 нови позитивни случаи од 35 градови во државата а што е зголемување од 70,1 процент споредено со неделата претходно. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје – 2.690 или 46,4 проценти. Процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 33,5 отсто.

-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 години – 1.283, а потоа следат возрасните групи од над 60 години – 1.169, 40-49 години 1.089, 50-59 години 1.056 и 20-29 години 866. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години – 94 и 10-19 години – 243.

Претходна вест25-годишник шетал по Чаир со нож во џебот
Следна вест„Левица“ бара од Талат Џафери да ја стави на дневен ред Декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии