Едно лице го загуби животот, а две се повредени во тешката соообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово во близина на надвозник за Требош, која се случи попладнево околу 17 часот.
Во сообраќајката учествувале три патнички и едно товарно возило, а според првичните искази пријавени во СВР Тетово имало и четврто возило за кое се тврди дека го напуштило местото.
Се очекува во увидот да се вклучат и претставниците на тетовското Обвинителство.
Според првичните информации патничките возила се од марките „пежо“, „опел“ и „голф“ додека товарното возило е „мерцедес“.