Нови 472 заразени и 8 починати во 24 часа – уште 6 починати додадени од изминатиот месец

Денеска се регистрирани 8 починати лица и уште 6 д претходниот период, како и 472 нови лабораториски позитивни случаи на коронавирус.

Од 8-те починати во изминатотот деноноќие, 5 се од Скопје (86г, 77г, 77г, 68г, и 43г), 2 од Кочани (85г и 68г) и едно од Виница (47г), сите во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 18.09.2021 до 12.10.2021 година: двe починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Крива Паланка, Куманово и Кавадарци, на возраст од 51 до 80 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Направени се 3.431 тестирања, а регистрирани се 472 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 222, Куманово – 47, Прилеп – 30, Велес – 23, Битола – 22, Кавадарци и Кочани – по 16, Штип – 15, Гевгелија – 9, Тетово, Охрид и Крива Паланка – по 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Делчево и Виница – по 4, Гостивар, Струмица, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Неготино, Свети Николе и Дебар – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 498 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669. бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.

Претходна вестЕден загинат и двајца повредени во судир на автопатот Скопје-Тетово
Следна вестДо кога македонската влада ќе чека за да преземе мерки за ублажување на ценовниот удар?