Еден загинат и двајца повредени во судир на автопатот Скопје-Тетово

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во тешката соообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово во близина на надвозник за Требош, која се случи попладнево околу 17 часот.

Во сообраќајката учествувале три патнички и едно товарно возило, а според првичните искази пријавени во СВР Тетово имало и четврто возило за кое се тврди дека го напуштило местото.

Се очекува во увидот да се вклучат и претставниците на тетовското Обвинителство. 

Според првичните информации патничките возила се од марките „пежо“, „опел“ и „голф“ додека товарното возило е „мерцедес“.

Претходна вестНикој досега не доставил забелешки на гласањето или на причните резултати од првиот круг
Следна вестНови 472 заразени и 8 починати во 24 часа – уште 6 починати додадени од изминатиот месец