Едно лице загина, а неколку се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Гостивар – Чегране. Полицијата соопшти дека околу 20 часот во селото Форино патнички автомобил „Шкода фелиција” со гостиварски ознаки која ја управувал Л.Х. (57) се судрил со „БМВ” со австриски ознаки што го управувал И.М. (18) од селото Чегране.
–Во несреќата, возачот Л. Х. задобил тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а тројца сопатници во неговото возило телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница, се наведува во соопштението.
Фото: Архива