Една контрола и на граничните премини со Албанија

Владата денеска го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот со Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли.

Според текстот на законот, станува збор за гранични контроли со едно застанување (One-stop shop), и поедноставени постапки, кои се спроведуваат на еден заеднички граничен премин.

Концептот на заеднички гранични контроли и поедноставени постапки на единствен граничен премин води кон забрзување и поедноставување на протокот на граничните премини.

Претходна вестОд 1 јануари сите спортски канали што се реемитуваат мора да бидат на македонски и албански
Следна вестМаж нападнат во сопствениот двор во Шуто Оризари, завршил на клиника